April 25, 2024

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Oд 3 јуни на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаниште, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

На патниот правец Р2131 од с.Орешани – с.Таор, на мостот на река Вардар, дел од заштитната ограда на самиот мост е оштетена поради излетано тешко моторно возило. Екипите на Ј.П. Македонијапат на самото место поставија соодветна сообраќајна сигнализација (насочници).

На учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон 02 / 25 61 502 .

Извор: диспечерски центар јпозмрп


1016