ХМС „Стрежево“ подготвено за новата сезона за наводнување, ги повикува земјоделците да склучат договори
За ХМС „Стрежево“ јуни е првиот месец од овогодишната сезона за наводнување на земјоделските поврѓини и компанијата е подготвена за наводнување на 20.200 хектари земјоделска обработлива површина во Пелагонија.
Ова денеска на средба со медиумите го соопшти директорот Менде Граматковски кој ја уверува јавноста дека компаинијата има на залиха и доволно репроматеријали за тековно одржување на цевководната мрежа.

„По Главниот канал испорачуваме околу 6 m 3 вода а со потребната динамика се полнат главните и делничните цевководи. Моменталната зафатнина на акумулацијата Стрежево изнесува околу 100 милиони m 3 вода, имаме одличен водостој на акумулацијата што гарантира навремено и квалитетно водоснабдување на земјоделските површини во Пелагонија, водоснабдување на населението преку ЈКП Водовод на општините Битола, Могила и Новаци, како и покривање на потребите за водоснабдување на РЕК Битола, ЗК Пелагонија и локалните индустриски капацитети.“ – рече денеска директорот Граматковски.
Сепак, апелираат за рационално и внимателно користење на водата како ресурс истовремено со повикот потсетување на земјоделците дека треба да склучат договори за снабдуавње со вода за наводнување со Стрежево.





Денешната прес конференција се одржа на среде Битолско поле, во атарот на селото Егри , а присутните имаа можност да проследат дел од тековните активности – менување на цевководите инсталирани во далечните 80-ти години на минатиот век, со нови, модерни изградени од современ материјал. ( слики горе) Ова и теренските активности за контрола на површините кои се опфатени со системот за наводнување се дел од континуираните активности, рече денеска директорот Менде Граматковски, кој на средбата со новинарите информираше и за инвестициите кои ги правеле во изминатиот, период на здравствена, економска и енергетска криза, извршувајќи ја основната дејност собирање, акумулирање и испорака на вода односно вложува во цевководната и каналската мрежа. Издвои информација за дел од инвестициите-слика долу.

„Со ова ги намалуваме дефектите на застарената опрема, штетите по културите а навремено и квалитетно испорачуваме вода Морам да напоменам дека сите инвестиции но и тековното одржување во цевководната мрежа и Главниот канал се од сопствени средства.“ – објаснува Граматковски.
„Стрежево има економска самоодржливост, ликвидност и солвентност, а сите показатели укажуваат на сериозна финансиска и трошковна дисциплина на компанијата, продолжи Граматковски, претпријатието во целост ги подмирува обврските кон своите вработени по основ на плата и придонеси од плата и редовно исплаќа К-15, према државата по основ на даноци и према добавувачите. Стрежево нема доспеани обврски.“ – гордо соопшти првиот човек на хидросистемот Стрежево, компанија која во изминатиот период ниту користел кредити ни добила грант по било кој основ. Стрежево е високо ликвидно претпријатие и од сопстени извори вложува во капитални инвестиции.

„Во изминатата година имавме најголеми приходи од основањето на претпријатието а расходите ги намаливме на минимум. Кога ќе ги ставиме на хартија реални приходи и расходи 2022 ја завршивме со биланс на успех од околу 28 милиони денари во позитива. И,доколку небеше пресудата на Апелациониот суд од Битола за спорот со ЗК Пелагонија од 2015 година каде исплативме 76 милиони денари (околу 60 милиони денари главен долг, судски трошоци околу 800 иљади денари и камата од околу 15 милиони денари) билансот на успех ќе беше многу, многу подобар. И оваа година во првото тромесечие имаме позитивен биланс од околу 10 000 000 денари со исплатени обврски.“ – информираше Граматковски.