April 18, 2024

Општина Новаци ќе работи на проект за одржливо управување со отпадот


По повод одбележувањето на 5 Јуни Светскиoт ден на животната средина, денеска во хотелот Double Tree Hilton, се одржа воведната Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”.
На конференцијата градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски потпиша меморандум за соработка со САЛАР Интернационал и партнерите на проектот – Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС. Со потпишување на меморандумите започна и официјалниот дел на имплементацијата на проектот на локално ниво, кој веќе има изработена студија за состојбата со отпадот во овој дел од земјата.

Користејќи ја огромната база на знаење, проектот ќе биде доверлив партнер на општините и ќе ги поддржи со:

  • Развивање на Локални акциски планови за управување со отпад (ЛАП) и
    спроведување на активности од Оперативниот регионален план за управување со отпад (ОРПУМ)
  • Развој на различни анализи, студии и други документи наменети за поддршка на практичното спроведување на активностите за управување со отпад
  • Подобрена мобилизација на ресурси за иницијативи и проекти поврзани со отпадот
  • Подобрени пристапност, меѓуопштинска координација, дијалог за политиките и подигање на свеста
  • Национални, регионални или меѓународни студиски посети и размена на идеи за одржливи практики за управување со отпад

Покрај Новаци меморандуми потпишаа и следните општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион: Битола, Прилеп, Охрид, Кичево и Пласница.


Проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво” е финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.

Извор: Општина Новаци


1021