September 28, 2023

„Пепелашка“ во Битола – најава на балетската претстава од Центар за култура

Оваа среда, на 7 јуни ◾️ одиме на балет
Славната балетска претстава ПЕПЕЛАШКА на Сергеј Прокопиев, во изведба на Националната опера и балет гостува во Битола ◾️◾️◾️
Ретки се приликите да гледаме балет во Битола, затоа не ја пропуштајте оваа шанса која ни гарантира влез во светот на приказната преку танц. Ова е балет и за возрасни и за деца, на кој ќе биде оживеана безвременската приказна за Пепелашка преку врвниот балет кој го продуцира оваа гостувачка национална куќа.


Ќе бидеме сведоци на воодушевувачката кореографија, извонредните костими и маѓепсувачката музика што ќе не пренесе во волшебното царство на оваа сакана бајка.
Среда, на 7 јуни ◾️ одиме на балет во големата сала на Центарот за култура во Битола, балетот ПЕПЕЛАШКА, кој долго ќе се памети.
⏰ 20.00ч
🎟️ 250ден
Билетите брзо се распродаваат за ваков редок извонреден настан ◾️◾️◾️за Битола.


1023