September 28, 2023

Угостителските услуги повисоки, извозот на стоки зголемен, увозот намален

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година е 2.1 %.
Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ- Градежништво од 12.7 % и Е, Ж и З-Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2023 година, номинално расте за 14.8%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 69.0%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 1.4%.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите.

Индекс на цените на угостителските услуги, мај 2023 година Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2023 година, во споредба со април 2023 година, е зголемен за 1.2 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.7 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 %, Безалкохолни пијалаци за 0.9 % и Ноќевања за 3.7 %. Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 13.4 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − мај 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година е зголемен за 2.3 %.

Извор: ДЗС


1082