March 28, 2024

Мицкоски:Фер шанса за Македонија и народот, како сите други

„32 години Македонците попуштаат, се откажуваат во име на иднината и колективното добро, исто толку години Македонците губат. Го загубивме знамето, го дадоа името. Народот ја загуби надежта, сериозно се нарушува карактерот на државата. Ја проблематизираа историјата, јазикот. Погледнете и ќе видите дека нема темел кој не е нападнат, сериозно атакуван поради различни причини, и поради различни поводи. И морам да кажам дека за тоа не се виновни ниту Бугарите кои си тераат своја агенда, не се криви ниту Албанците, зошто и тие ги споделуваат истите маки како и Македонците на економски план. Не се виновни ниту Македонците, туку вината ја гледам во една мала тесна и корумпирана клика која секогаш поткелкнува пред историските предизвици затоа што се води од своите лични, за сметка на колективните интереси.“

Вака синоќа од Велес се огласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски говорејќи на трибината во рамки на кампањата на оваа партија „Ова е Македонија за сите“. Посочи дека се реализира сервилна политика, без мудрост и активна дипломатија, различно разбирање на поимот „национални интереси“ , повторно потсети на опасноста од новоформирани политички субјекти и партии кои патриотизмот го користат како карта во намерата да ги поделат гласачите.

„Мораме најмалку да обезбедиме 20% покачување на просечните плати и 25% покачување на пензиите. Исто така, тврдам дека во рок од четири години растот на бруто домашниот производ ќе биде најмалку годишно 4% како и невработеност под 10%. Странски и домашни инвестиции и многу крупни промени во даночната политика, борбата против бирoкратијата и поддршка на младите.

Драги пријатели, да се случи ова потребно е владата да падне.“ – вели Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ .


1069