Комуналното јавно претпријатие Нискоградба го збогати возниот парк со ново возило. Официјалниот прием на камионот марка Renault од програмата Renault Truks на познатиот светски автомобилски бренд го реализираше директорот на ова општинско претпријатие Зоран Талевски во присуство на градоначалникот Тони Коњановски.


Вкупната вредност на возилото е 12.213.000 денари, од кои 6.000.000 денари се средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа, а другата половина се инвестиција на претпријатието.

Новото возило има можности да се користи и во зимската служба и при извршување на градежни работи, за пренос на материјали ( асфалт, песок и друго). Проширувањето на возниот парк на ова претпријатие е во насока на подобрување на ефикасноста и експедитивноста на претпријатието, како и неговата работа на повеќе локации за кои претпријатието има склучено договори со општината, во функција на подобрување на условите за граѓаните во Битола.- вели директорот на „Нискоградба“ Зоран Талевски.


1113

Задолжително

Verified by MonsterInsights