Туторска настава за децата Роми во рамките на програмата РОМАКТЕД 2

Втор месец во Основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ се реализира туторска настава за поддршка на ученици Роми од 2,3 и 4 одделение. Ваквиот вид дополнителна образовна (туторска) поддршка се обезбедува по предметите македонски јазик, математика и англиски јазик. По добиените податоци од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола, туторската поддршка ја добиваат околу 70 ученици, од страна на шест тутори и еден консултант, кои се ангажирани 7 месеци. Ова е првиот дел од акцијата / проектот кој треба да се изведува во два дела – два дела, од април до јуни и од септември до декември при што очекувањата се дека на знаењата и вештините на учениците кои учествуваат во оваа настава ќе бидат стекнати многу побрзо отколку во редовната, настава без посебно внимание кон поединци. Материјалите неопходни за квалитетна непречена работа на овој „еден – на – еден“ метод се обезбедени од проектот што се реализира.
Учениците корисници на овој проект биле дел од наставата на далечина за време на пандемијата КОВИД 19 .


Имено, оваа акција е дел од проектот „Пост КОВИД – 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“, финансирана во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата фаза 2, за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Општина Битола за оваа програма потпиша догово со Советот на Европа , по што објави и јавен повик за ангажирање на тутори.


Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски генерално е задоволен од реализациајта на овој проект. Тој во неделата што измина ги посети учениците кои следат туторска настава во училиштето, бил запознат со предизвиците со кои се соочуваат учениците и туторите, како и за поволностите кои што се резултат на следењето на оваа дополнителна настава.
Од Општина Битола информираат и дека учениците и туторите го искажале задоволството од активностите, кои во значителна мерка ќе го подобрат квалитетот на образованието на децата Роми.

Извор: Општина Битола


1098

Задолжително

Verified by MonsterInsights