Летово започнува подготовка за дневен престој во ООУ „Елпида Караманди“

Раководството на ООУ „Елпида Краманди“ предводено од директорката Татјана Дамчевска ќе мора ова лето да ги направи сите подготовки за реализација на социјалната услуга дневен престој за дел од учениците кои го посетуваат ова училиште. Задачата ја добија од градоначалникот на Битола. Тој, постапувајќи по барања на родители на деца кои се образуваат во ова училиште, направи обиколка на училиштето во потрага по соодветен, законски нормиран простор кадешто оваа услуга би можело да се реализира во ова училиште.

Според информацијата од Општина Битола, досега училиштето во одговор на брањето на родителите спроведуваше т.н времено решение овозможувајќи престој за сите ученици од одделенска настава во детската градинка „Мајски цвет“. Сега ќе се направат активностите кои трајно ќе го решат долгогодишниот проблем.


„Коњановски нагласи дека, ова е важно прашање, со чие решавање, ќе им се овозможи на родителите непречено спроведување на работните обврски, додека децата се соодветно згрижени во училиштето. За таа цел, градоначалникот побара од директорката да ги спроведе потребните законски процедури, а во училиштето, соодветно да биде адаптиран просторот во кој учениците до трето (3) одделение ќе можат да престојуваат и да ги извршуваат своите задачи, пред или после завршувањето на наставата. Градоначалникот нагласи дека, општина Битола, согледувајќи ја потребата, застанува со потребната поддршка зад иницијативата на родителите, со цел од септември, овој долгогодишен проблем, повторно да не им создава грижа и неизвесност.“ – стои во информацијата испратена од кабинетот на градоначалникот.
Директорката Дамчевска, се согласила да ги отпочне потребните постапки, за да може идната учебна година, учениците да посетуваат дневен престој во училиштето.


За да може да се реализира оваа услуга од страна на образовната институција ООУ „ЕЛпида Караманди“ најпрвин мора да се адаптира простор, но и потребно е почитување и спроведување на различни административни процедури. Очекувањата се во насока со услугата да се започне со почетокот на новата школска година овој септември.

Извор: Општина Битола


1105

Задолжително

Verified by MonsterInsights