Подадена рака за своевиден спас на евроинтеграцијата!?

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници во кои ќе се дискутира за предлогот на Мицкоски кој беше соопштен на лидерската средба од пред неколку денови.
Предлогот на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ направи бурни рекции во јавноста а посебно на социјалните мрежи. Тој предлог беше протолкуван од неколку аспекти. Секој од своја гледна точка на интерес.
Според мене овој предлог претставува подадена рака за спас на интеграцијта во ЕУ. До одреден степен можеби и жртвување на дел од својот рејтинг, но ставање на државните интереси пред партиските е потег за поздравување.
Предлогот на Мицкоски е логичен и прифатлив. Можеби сите точки на предлогот не може да бидат реализирани. Но суштината е во тоа основните точки да бидат прифатени и сите важни процеси да продолжат. Почнувајќи од уставот па се до организирањето на нови предвремени парламентарни избори.
Својот став го соопшти и ДУИ. Тие потенцираа дека прифаќаат да ја напуштат владата но под услов веднаш да се прифатат уставните измени и да започне организирањето на предвремените парламентарни избори. Што очигледно посочува на нивната самодоверба и калкулации за предвремените парламентарни избори кои би се случиле во наредниот период.
Многу е важно со колкав степен на флексибилност ќе пристапи Мицкоски по одговорот на СДСМ по денешните состаноци на Централниот и Извршниот комитет на партијата.
И тоа е клучно според мене. Факт е дека ВМРО ДПМНЕ е против уставни измени во вакви околности и е против уставни измени кои би ги изгласал актуелниот парламент. Или најпросто речено тие се против уставни измени кои би се случиле во мандат на оваа влада.
Според ова јасно е дека ВМРО ДПМНЕ не е против уставните измени но е против измените кои би се случиле под актуелните околности. Па од тука произлегува мојот став дека флексибилноста на Мицкоски е клучна во тој дел.
Доколку Мицкоски не настапеше со ваков предлог единствена жртва на би биле евроинтеграциите и тоа е многу јасно видливо. Високите претставници на ЕУ во земјава потенцираа дека пропуштена шанса за продолжување на Европскиот процес би значела блокорање на процесот на неопределен временски период.
Патем самиот внес на Бугарите во уставот по автоматизам би значел дека се работи за комплетно различни народи. Покрај продолжувањето на процесот ова е една од најголемите придобивки од сево ова.
Не смее да се занемари и дел од народот кој е против уставните измени. Тоа произлегува од непринципиелноста на ЕУ односно односот на Бугарија кон нас. Сепак важно е да се постави прашањето “ Што потоа доколку ги пуштиме процесите низ вода? “
Наредните денови односно недели се’ ќе биде јасно. Останува да видиме каква ќе биде разрешницата на оваа исклучително сложена политичка ситуација.

Пишува Леон Стефановски


1155

Задолжително

Verified by MonsterInsights