ЈУБИЛЕЈНИ, 200-ти ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ

Јубилejниов 200тоти прилог по правило би требало да биде свечен (!) и со позитивно интонирани цртички и без отровни стрелички но, за жал настаниве што се случуваат кај нас со филмска брзина не ми го дозволуваат тоа, бидејки моето 40-годишно искуство во новинарството, политиката и особено во дипломатијата ми укажува дека работите одат во лоша насока по македонските интереси и македонската нација. Дај Боже да не сум во право и да не е така!

Што да мислам, на пример, за многу контроверзниот проект за автопатите што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка; или за наводното исчезнување целокупната дата база за историските настани во 1991 година (кога организиравме Референдум за независност на нашата татковина) од архивите на Собранието на РМ како што тврди поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски? Случајност, или намерно сторено недело со цел бришење на нашата историја!? Или за преговарачката рамка што ни ја наметна ЕУ, а по диктат на Франција, во полза на Бугарија!?? За предавничката измеќарска политка на партијата на власт СДС, и да не говорам за нивниот коалиционен партнер ДУИ (не сакам ни да ги споменувам бидејки нивната агенда и делување се исклучиво на штета на македонската нација и посветени се на реализација на концептот за креација на голема Албанија – за жал целосно помогнат концепт од САД и ЕУ, а недвосмислено и од Грција и Бугарија)!

Да почнеме со проектот за автопатите. Зошто, на пример не се даде акцент за подобрување на автопатска конеција на централна Македонија и поврзување со модерен автопат на Прилеп, Битола, Ресен и Преспа, па и Кавадарци и Неоготино – со еден збор речиси пола Македонија, туку ќе граделе по три-четири ленти за магистрално поврзување со Албанија. Освем објективната потреба на подобрување на делницата Тетово и Гостивар со модерен пат, мислам дека западна Македонија горе-долу е поврзана со пристојна магистрала (се разбира помали интеренции се неопоходни на повеќе места). Дали тезата на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски дека со споменатиот автопат во перспектива се заокружува проектот со таканаречената Илирида што можеби сепак (долгорочно гледано) и не е без основа!?

Неодамнешната посета на Премиерот на Бладата на Вашингтон треба да се анализира со особено внимание. Една работа се сцените и изјавите за мас-медиумите од средбата на Ковачески со државниот секретар на САД Блинкен од кои произлегува јасна порака дека, демек, САД цврсто стојат зад нас (читај зад сегашната слугантска и послушна на туѓи интереси македонска Влада), но сосема друга е пораката на заменикот на помошникот на државниот секретар на Сад Даниел Ескобар кој дирекно се залага, да не речам небаре и наредува да се подржи европската ориентација на сегашната Влада!? Како прво, сите сме за европска ориентација господине Ескобар, но НЕ под ваков диктат и по цена на национално обезличување што ни се подметнува. Впрочем, што ги засега САД за нашата европска перспектива? Ако толку се загрижени нека ги притиснат грците да не не обезличуваат и да го својатаат името Македонија и македонци; нека ги притиснат бугарите да не ни ставаат вето за да сме морале да прифатиме бугаризација на јазикот и идентитетот како услов за наше членство во ЕУ; а и да ја притиснат и Франција да не ни ги усложнува нашите напори веќе 30 години за приближување кон Брисел.

Не знам колкав стаж има Ескобар во Стејт Департментот но би го постесил дека САД историски секогаш ја подржувале Македонија. На пример, депешите на американската дипломатија од Истамбул од 19от век што имав прилика да ги видам, а некои и лично ги поседувам, биле во прилог на автономија за Македонија во рамките на Отоманската империја! На иста страна бевме во многу кризи и конфликти, а особено во II Светска војна; активно учествувавме во Заливската војна и нашите обавештајци го открија Садам Хусеин; a ќе го потсетам Ескобар дека Македонија имаше дваесетина ротации во мисијата ИСАФ и наши војници ја чуваа амбасадата на САД во Кабул и Командата на таа мисија.

Па зарем тоа не е доволно господине Ескобар??? Добро ми се познати принципите на американската надворешна политика. Таа има две основни одлики: a) прагматизмот (по секоја цена да се реши проблем, без разлика на цена, но обично на штета на послабата страна и б) пред се и над се интересите на САД!

Ја читам деновиве “Платформата за решавање на албанското национално прашање) (Издавачка куќа “Шкенца, Тирана, октомври 1998)” и морам да признам дека некои потези и политики на нашиот стратегиски партнер САД што се однесуваат на нашето опкружување, а и на самите нас многу ме асоцираат на тезите и потезите на сегашната американска администрација. Но сакам да предупредам: Споменатата платформа несомнено води кон Трета Балканска војна бидејки таа се залага за завземање на туѓи територии од соседните балкански држави. Помагањето на реализацијата на таа платформа во која јасно се изнесува заложбата за формирање на ткн. голема Албанија значи и с о у ч е с т в о во злото кон што неминовно води таквата политиката!

Затоа, г-дин Ескобар пренеси им на стратезите и креаторите на политиката на Вашата земја кон мојата татковина Македонија и целиот регион да ги ревидираат сегашните концепции и
и наместо нив да зацртаат мир, соработка и просперитет.

Видовме кон што не доведе една таква концепција во деведессетите години (за сите С..и во една држава) од минатиот век: разурнувања, невидени злосторства, над 200 илјади жртви.

Затоа господине Ескобар: внимателно со изјавите!!! Немојте индирекно да завземате страна во нашите внатрешни случувања бидејки, како на пример во сегашниве состојби во Македонија, се добива впечаток дека го подржувате криминалот (конкретно на примерот на договорот со Бехтел и Енка) и беззаконието (амбасадорот на ЕУ г. Гир јасно укажа на злоупотребата на европското знаменце во Парламентот и дека тоа нема ништо заедничко со европското законодавство). Такви злоупотреби треба да осудувате во вашите изјави г. Ескобар, а не индирекно да давате подршка на оваа криминогена влада во Македонија.

Свесен сум дека неко/и/ј може да ме обвини дека сум анти А……, што категориччки твдрам дека не сум! Впрочем, уште како гимназијалец, кога разните Соросоиди не знаеја ни на карта каде е Америка, јас сонував да ја доживеам таа Америка, нејзината демократија и слободи. Два пати работев по три месеци во летни кампови со американски деца, за потоа да ја крстарам и доживеам непосредно земјата, но со некои работи на нивната политка денес кон нас еноставно не се согласувам (го паметиме безскрупулозното однесување на екс амбасадорот Џес Бејли, кој притиснат од бурните реакции на македонската јавност на неговите потези, самиот призна: “Правам се што ќе ми наредат од Стејт Департментот!”

М-р Мартин Треневски, Пранешен министер и екс-амбасадор


1085