Општина Битола објавува: Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во програмата општинско корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување и Договорот за соработка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Битола, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година се објавува јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа.
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско – корисна работа, проект “РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Битола.
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
млади лица до 29 години
лица постари од 50 години
невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
лица припадници на ромската етничка заедница
самохрани родители
Повеќе информации во врска со работните позиции и начинот на пријавување се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/06/javen-povik-okr-2023.pdf.
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Битола во периодот од 12.06.2023 година до 16.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
