Започнаа работните активности за изградба на паркинг простор кај улиците „Цане Василев“ и „Кочани“

Општина Битола започна со работни активности на терен за реализација на проектот „Изградба на паркинг простор и канализација за одводнување со пристап од улиците Цане Василев и Кочани“.

По комплетното расчистување на овој простор и отстранувањето на диво поставените времени објекти, со реализацијата на проектот ќе се овозможи уредување на долгогодишно запуштениот простор и ќе се изгради нов паркинг простор за 34 автомобили на површина од 1130,71 метри квадратни.

Во моментот се работи на канализационата мрежа и одводнувањето во должина од 112,4 метри. Вкупната инвестиција на општина Битола, за овој проект изнесува 4.022.360 денари.

Извор: Општина Битола


1236