Временска прогноза
Ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од утре кон деновите од викендот.
Времето денеска, променливо облачно, од пладневните часови на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата на воздухот ќе достигне 25 степени Целзиусови.