Велештанец нападна Лабунишец, Бугарија се крена на ноѕе, пак меѓународен проблем

Жител на струшкото село Велешта вчера физички нападнал лице од селото Лабуништа. СВР Охрид соопшти дека настанот во полиција бил пријавен во 12 часот и 15 минути, на пладне. Според првичните информации, двајцата подолг временски период имале нерасчистени меѓусебни односи.
Во описот на делото СВР Охрид пишува дека кривично-правниот настан се случил во близина на спортската сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, и , А.Н. од струшкото село Велешта го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.од селото Лабуништа.


Меѓународниот проблем започна кога натепаниот Б.К кажа дека се чувствува Бугарин и дека затоа е натепан. Уште позначајно бил копретседателот на здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“. Веднаш на „Нова.бг“ – изјавил дека бил соборен на земја, удиран со клоци и навредуван по етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“. ( мрсен Бугарин-на бугарски)
Бугарското министерство за надворешни работи го испрати битолскиот конзул да ја провери состојбата на нападнатиот, а „Герб“ на Борисов направи правно дефинирање на настанот „неиспровоцирано насилство“.

Фото: Виктор Стојановски, сопственост на https://nova.bg/news


Денеска на бугарските медиуми се зборува за 5 напаѓачи, за систематски прогон на Бугарите во Македонија , па дури има и коментари дека напаѓачите ( не е повеќе еден туку 5) извршувале наредба. Виктор Стојанов од Фондацијата „Македонија“ во студиото „Здраво Бугарија“ на својата влада и предлага и решение „Едно од можните решенија е национална стратегија за работа со лица со бугарско самосвест во РСМ и нивна поддршка од Бугарија. Како и алатки за помош на тој дел од општеството во Северна Македонија „кој сака пријателство со нас“, односно вистинска европска интеграција.“

Фото: зграда на македонско министерство за надворешни работи , сопственост ПелаНет


Утринава се огласи и македонското Минситерство за надворешни работи :
„Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и бугарската заедница, додаваат од Министерството.Сè до целосно расчистување на случајот, Министерството за надворешни работи (МНР) апелира за воздржаност од предвремени квалификации во врска со инцидентот за кој најпрво бугарските медиуми, а потоа и МНР на Бугарија соопшти оти се случил вчера, а во кој бил нападнат претседателот на бугарското здружение „Шемето“ во Струга.“ Дополнително, МНР упати повик до политичките субјекти и до јавноста во Бугарија да им овозможат на институциите во земјава да ги расчистат околностите на инцидентот и соодветно да постапат.

Фото: архива на ПелаНет


Нападот на Велештанецот врз Лабунишецот се случува во екот на политичко-партиската пресметка во Македонија на најголемите партии од македонскиот блок поврзано со воведувањето на Бугарите во македонскиот Устав, за што сите генерално се согласуваат, но не се согласуваат со времето кога треба измените да се направат, а е поврзано со македонската евроинтеграција. Бугарската поддршка за сличниот ваков случај со Христијан Пендиков од лани кој бил нападнат и претепан извршувајќи функција претседател на контроверзниот бугарски клуб „Цар Борис“ заврши со инстант бугарско државјанство за него и пари за неговото семејство.

Фото насловна: нападнатиот Б.К во амбуланта, сопственост на https://nova.bg/news


1093

Задолжително

Verified by MonsterInsights