Волонтерска акција за чистење на местото кај авионите на Тумбе Кафе

Локален волонтерски сервис од Битола утре ќе спроведе акција на чистење на Тумбе Кафе во делот кај и околу тврдината Џепане, попрецизно – околината околу авионите.
Така е и насловена акцијата „Чиста писта“.


Во својата најава Локален Волонтерски Сервис (ЛВС) од Битола велат дека акцијата ќе се спроведе на 16.6.2023 (петок), 10 ‒ 14 часот, на местото познато како „Кај Авионите“ во Битола.
Заинтересираните кои секаат да се дел од оваа акција треба да пополнат формулар објавен на

https://docs.google.com/…/1PfNeVzcK0…/prefill


Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans /UNDP MK/Delegation of the European Union, Skopje/ Општина Битола – официјална страница/MKC Bitola/SFERA International


1167