April 16, 2024

„Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!“

Вака во смртна агонија на своите џелати им свикал Перо Видев, 15 годишен скоевец од Ваташа , еден од 12 младинци кои беа стрелани од бугарскиот фашистички окупатор во Македонија.
На денешен ден, 16 јуни 1943 година, пред 80 години, беше извршен Ваташкиот масакр, еден од најголемите злосторства во времето на Втората светска војна во Македонија направени од бугарскиот фашистички окупатор. Со намера да го спречи големиот подем на народно-ослободителното движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста “Моклиште“ стрела 12 младинци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години.


Во нивна чест одбележувајќи го поменот за младинците, Општина Кавадарци изготви 12 бисти изработени по фотографиите на младите Македонци. Денес беа свечено отворени, а исто така се отвори и спомен соба во чест на децата кои беа стрелани 1943 година на 16 јуни, истакна Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци, кој присуствуваше на одбележување на 80 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци во Кавадарци.


„-Спомен собата има повеќе намени, преставени се делови од животот на децата, во делот на нивното стрелање, во делот на градење на споменик од 1961 година и содржи нивни лични документи од самиот живот меѓутоа и посмртно од самите деца.“ – изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Да се убие дете, да се стрелаат 12 деца е незаборавен чин, порача градоначалникот Јанчев и ги повика политичарите на денешна европска Бугарија да се извинат за злосторствата на нивните фашистички предци со поклонување пред нивните бисти и споменикот кој е нивно вечно почивалиште.

За независна Македонија на Македонвците и против фашистичката окупација стрелани , а потоа нивните тела дополнително измасакрирани беа Перо Видев 15години, Ванчо Гурев 19години, Данко Давков 18години, Илија Димов 18години, Ристо Ѓондев 18 години, Блаже Ицев 20 години, Пане Мешков 18години, Герасим Матаков 18 години, Ферчо ПопЃорѓиев 26години, Васо Хаџиjорданов 28 години, Диме Чекоров 20години и Пане Џунов 18години.

Фотографии : споменикот во Моклиште,Ваташа, дел од стреланите младинци, Сопственост Wikipedia


1022