April 16, 2024

КЈП Нискоградба – Битола, одговорно транспарентното, отчетно и посветено во служба на граѓаните

Транспарентното, отчетно и посветено работење, се главните карактеристики на функционирањето на КЈП Нискоградба во досегашниот период.
„Ваквиот начин на работа во изминатиот период, откако раководам со претпријатието, придонесе за континуирана ликвидност, работа без кредитно задолжување и без зголемување на сметките, односно на трошоците за граѓаните“ – изјави на прес конференција актуелниот директор на ова комунално претпријатие Зоран Талевски, одржана по критиките од политичката партија СДСМ за нетранспарентно работење.

фото: Зоран Талевски, директор на ЈКП „Нискоградба“ -Битола


„На овој начин, продолжуваме и оваа градежна сезона, целосно во служба на граѓаните на општина Битола, во сите области кои се во надлежност на претпријатието, согласно условите и можностите за реализација, на чие подобрување, работиме во континуитет.

Фото: од редовните активности за чистење на ЈКП Нискоградба


Во делот на подобрување на возниот парк со соодветна механизација, годинава со донацијата од општина Битола во износ од 450.000 денари набавена е машината за чистење на канализациони приклучоци, а завршена е и постапката за набавка на камион во износ од 12.000.000 денари, од кои половина од средствата се од министерството за локална самоуправа, а другата половина, се сопствени средства на претпријатието, без никакви задолжувања.

Фото: новиот камион што ќе се користи и во зимската служба

„Од моето назначување платата на вработените во два наврати е зголемена во бруто износ од околу 7.000 денари, за што на годишно ниво, претпријатието издвојува износ од околу 12.000.000 денари, од кои 7.000.000 во 2022 и 5.000 .000.во 2023год.“- вели Талевски

Работните активности продолжуваат со зголемен интензитет, за што со општина Битола имаме склучено договори во износ од околу 70.000.000 денари, меѓу кои како позначајни ги издвојувам:
-Реконструкција на мешовита канализација на улици во нас.Недопирливи, улица Солунска втора фаза,улиците Зборска, Драгорска, како и во селото Трново.

Фото: интензивирани активностите за новиот парк во Битола

Додека се реализира динамичната инфраструктурна програма на Општината, таму каде што е неопходно делување, продолжуваме со санација и изведба на сливници и решетки,санација на ударни дупки, како и вградување на гребен асфалт на улици во 19 села на територијата на поранешна општина Бистрица.

„Продолжуваме со работа на Паркот во Нова Битола, чистење на коритото на река Драгор и секако со навремена подготвеност за периодот кога ќе биде потребно делување на зимската служба.
КЈП Нискоградба и во понатамошниот период одговорно и во служба на граѓаните ќе работи на исполнување на предвидената програма, со цел создавање подобри услови во сите населени места и за сите жители на нашата општина.“ – ја информираше Зоран Талевски јавноста.

Фото насловна : недовршен дел од новиот парк


1023