April 16, 2024

Доделени решенија за набавка на трактори со 50% помош на МЗШВ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и раководителот на ПЕ на Министерството Менде Илиевски, заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски денес во Битола започнаа со доделување на првите 730 решенија до земјоделците за финаниска поддршка при набавка на трактор.
Вкупната вредност на поддршката изнесува 500 милиони денари. Финасиската поддршка е во форма на кофинасисрање од 50 до 75% од вредноста на тракторот. Овој повик предизвика и до сега рекордна заинтересираност, од кои 2.453 барања комплетно ги исполнуваат критериумите пропишани во јавниот повик.


Минатата година беа распишани четири јавни повици за поддршка и модернизација на земјоделските стопанства, а токму еден од нив беше повикот за поддршка при набавка на трактори, давајќи предност на земјоделците одгледувачи на полјоделски и индустриски култури.
Дополнително новата ИПАРД 3 програма нудиме конкретни мерки за поддршка и модернизација на македонското земјоделство, а македонските земјоделци имаат на распоалгање 200 милиони евра неповратни средства за модернизација на земјоделското производство.

Извор: МЗШВ


1031