ВМРО-ДПМНЕ се појави и беше создадена токму пред изборувањето на независноста и во моментите кога тој оган требаше да се предаде на следната генерација. А времето е најдобар одговор дека многу издржавме, ги поминавме најсилните потреси, и дека идејата не само што е жива туку и победата е наша!

И она што денес, по 33 години од создавањето ќе го кажам во името и за честа на сите наши херои, жртви од минатото, во името на чесниот и работлив народ кој си ја сака државата и Македонија – Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!!!

Доаѓаат подобри времиња!

Пред прагот сме на промената која треба да ги оствари надежите поради кои ја водиме оваа битка. Пред прагот сме на промената која сакате сите вие да ја видите и ја чекате шест години. Пред прагот сме да почнеме да ја создаваме иднината поради која вреди секоја наша борба и жртва!

Христијан Мицковски


1150

Задолжително

Verified by MonsterInsights