8 училишта во Македонија зимава ќе користат македонска струја по унгарска цена без субвенци

Оваа вест ја објавува македонскиот портал https://faktor.mk/ , при што го објавува и линкот кон информацијата од порталот https://e-nabavki.gov.mk/ каде што е објавен ваквиот договор за купување на струја од Општина Центар, дел од градот Скопје.

Школите „Киро Глигоров“, „Коле Неделковски“, „Свети Кирил и Методиј“, „11 Октомври“, „Димитар Миладинов“, „Гоце Делчев“, „Јохан Ханјрих – Песталоци“ и „Кочо Рацин“. Сите училишта заедно, под покровителство на Општина Центар распишале заеднички тендер за набавка на струја.

На тендерот имало три понуди од кои најповолна била таа на државната компанија ЕСМ Продажба.

Според објавата на faktor.mk „Дополнително разочарување е тоа што училиштата ќе плаќаат по цената на струја која е постигната на берзата ХУПЕКС во Унгарија и покрај тоа што повеќе од еден месец работи успешно и македонската берза за струја!“

Целата приказна: https://faktor.mk/dali-sme-nie-normalni-drzavna-firma-na-shkolite-im-prodava-makedonska-struja-po-ungarska-cena-pa-duri-i-naplakja-33-otsto-marza

Фото насловна: ТЕЦ Осломеј, сопственост на ЕСМ


1083

Задолжително

Verified by MonsterInsights