Не стивнува српско-косовското нетрпение
Рано утринава косовската полиција соопшти на јавноста дека во раните утрински часови е уапсен Србин од село во општина Лепосавиќ, осомничен дека е вмешан во напад врз медиуми и новинари“. „Неговото апсење и придружување во полициска станица е извршено како резултат на интензивни истраги и обезбедување докази дека бил вмешан во нападот врз медиумите и новинарите на 16.06.2023 година. Сите понатамошни дејствија ќе бидат преземени во соработка и координација со правосудните органи“, се додава во соопштението.
Овој чин ги повторно ги разжести чувствата на меѓунационално нетрпение и недоверба, па најпрвин се огласи претпријатието во кое лицето е вработено, а потоа и Канцеларијата за Косово и Метохија.

Телеком Србија денеска соопшти дека Урош Вукашиновиќ (28), вработен во фирмата ќерка на Телеком Србија на Косово и Метохија, mts d.o.o., бил киднапиран утрово околу 07:30 часот во близина на Лепосавиќ додека патувал на работа и додаде дека ќе да ги преземе сите законски дејствија со цел да го заштити својот вработен. Според нивната верзија на настаните, У.В бил пресретнат и киднапиран во бел автомобил фолксваген без видливи ознаки. „Засега не се знае каде е однесен Урош Вукашиновиќ и кој го киднапирал, но изразуваме страв дека ова е уште еден напад врз Србите на Косово и Метохија од страна на таканаречената косовска полиција“, се вели во соопштението.

Според соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија, лицето утринава било следено и уапсено од „пропадници на косовската полиција на Курти во цивилна облека, од кои едниот управувал со возило со таблички КМ“. „Курти без никакви докази, и покрај фактите кои го демантираат, секој ден апси Срби, додека меѓународната заедница ја врти главата на другата страна и се прави дека не ги гледа прекршувањата на сите основни права на Србите, секојдневното малтретирање на Курти, физичкото, правниот и институционално насилство врз нашиот народ“, се вели во соопштението.
Жителите на Лепосавиќ во последните два часа повторно се собираат пред општинската зграда на протест. Протест против насилството на полицијата врз граѓаните на Косово за денеска бил најавен и како реакција на претепувањето на два малолетници во Звечан.
Веќе неколку дена, иако неофицијално, на територијата на Косово и Метохија е на сила забраната за увоз на српска стока и премин на камиони со српски регистарски таблички, како одговор на апсењето на тројца косовски полицајци од страна на Војската на Србија.
Фото насловна: Слика од екран, протести во Звечан 29.05.2023, сопственост на VOA