April 25, 2024

Гарфилд е американски стрип создаден од Џим Дејвис. Оригинално објавено локално како „Џон“ во 1976 година, а потоа од 19 јуни 1978 година во локалниот весник на Индијана објавен како „Гарфилд“. Го прикажува животот на насловниот лик мачката Гарфилд, неговиот човечки сопственик Џон Арбакл и кучето Оди.

Почнувајќи од 2013 година, беше објавен во околу 2.580 весници и списанија и го држеше Гинисовиот рекорд како најраспространет стрип во светот.
Мрзеливиот мачор опседнат со храна, кафе и лазања, што ги мрази понеделниците ама и сите околу него е прикажан како лик кој манипулира со луѓето за да добие што сака. Притоа е искористена познатата мачешка дволичност.

Фото насловна: слика од екран на првиот стрип „Гарфилд“, сопственост на Jim Davis


1091