Состојба на патишта
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
На ден 20.06.2023 (вторник), започнуваат градежни активности на Државен пат А1, делница Демир Капија – Неготино за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај каде што ќе има пренасочување на возилата од едниот коловоз на другиот коловоз на кој движењето во должина на 2 км ќе се одвива во две насоки.
Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон 02 /25 61 502.