Хуманитарен настан во организација на ЈОУДг „Мајски Цвет“ Битола
Во организација на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола и БИМИЛК се одржа хуманитарен настан со музика и забава за децата и нивните семејства.
Настанот на едно место вклучи повеќе активности за: · Одбележување на патрониот празник на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола · Одбележување на Денот на млекото · 01 јуни – Меѓународен ден на детето · Свечено отворање на сензомоторна патека изработена од вработените на установата.


На 4 штанда имаше и хуманитарни штандови не кои се продаваа: цвеќиња изработени од хартија и други материјали, изработки од воспитувачки и негователки; како и играчки и предмети изработени од амбалажа на БИМИЛК, изработени од родителите и децата.
Собраните парични средства ќе се донираат за лекување на малиот Аце на кој му се потребни парични средства за лекување во странство.
Извор: Општина Битола