Златните пари од Неготино-изложба на фотографии од археолошки наод од „Орманков гроб, Неготино
Денеска на пладне во Културниот Центар МАГАЗА ќе биде отворена изложбата „Златниот антички наод од с. Тремник, Неготино“. Ексклузивниот златен наод, кој бил комплетно пронајден на археолошкиот локалитет “Орманков Гроб“, с.Тремник, во 2008 година, како збирен наод, датира од IV-III век п.н.е., а од денеска , преку соодветна постер-презентација, за прв пат ќе биде претставен пред битолската публика.
Златниот антички наод се состои од две монети-статери: една на Филип II и Александар III, златен ѓердан составен од висулци во вид на лешник, два ѓердани составени од кружни алки со еден ред гранулации, медаљон со претстава на Посејдон, една тоалетна кутија (пиксида), ѓердан со кружни алки со три реда гранулација, четири фибули, четири цилиндри како завршетоци на ѓерданите и две палмети во срцевидна форма.

Овој златен наод од почетокот на т.н. македонско-хеленистичкиот период, е всушност еден од најрепрезенативните наоди од овој вид, на македонска територија.
Изложбата е организирана како соработка помеѓу Општинската установа „Музеј на град – Неготино и НУ „Завод и музеј“- Битола, а со поддршка на Министерство за култура.