Промовиран постерот на БИТФЕСТ 2023

Општина Битола го промовира постерот кој следните месеци ќе биде предзнакот и составен дел од сите културни настани и вести за културно-уметнички настани во Битола.

„Идејното решение за овогодишниот плакат е симболична претстава на оваа традиционална манифестација изразена преку орнаментиката и колоритот на македонскиот народен вез од Битолското Поле. Доминира црвената боја која во традицијата на народниот вез означува живот, здравје и со преносно значење во овој случај на богат и исполнет фестивал.“- пишуваат Општина Битола.

Автор на плакатот: Васко Ѓоргиев, ликовен уметник, претседател на Друштвото на Ликовни Уметници од Битола ( ДЛУБ).

„Секоја година Бит Фест на свој начин ја носи во градот традицијата на македонското и светското творештво доближувајќи ја до современите сфаќања на човекот.“ – вели објавата на ФБ на Општина Битола.



1262

Задолжително

Verified by MonsterInsights