Вечерва Солстис 2023
Вечерва во Битола во организација на Француската алијанса од Битола со поддршка на Општина Битола, ќе се оддржи 23 – то издание на фестивалот на музиката„Солстис“ кој го одбележува Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото.
На неколку локации на Широк сокак ќе настапат дестина ансамбли, групи и дј -и , од различни музички жанрови. Овој традиционален еднодневен фестивал воедно е најава на почетокот на богатото со културни настани лето вообличено во БИТФЕСТ.
