„Слемирај-Креирај“- работилници па натпревар и објава на најдобрите
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола распишува јавен повик до сите заинтересирани читатели за учество во проектот „Креирај – слемирај“ – проект за промоција на слем-поезијата, поезија која својот почеток го наоѓа во хип-хоп културата.
Во рамки на проектот, учесниците ќе имаат работилници.
Дел од темите кои ќе се обработуваат на слем-поезија се:
- иселувањето на младите
- невработеноста кај младите
- влијанието на политичкиот систем
- семејството како вредност за младите
- љубовта
- Социјалната исклученост
- социјалните медиуми и сл.
Учесниците ќе имаат можност да учат за: - значењето и употребата на слем поезија
- да го развијат креативниот потенцијал
- да работат на својот настап
- активно да учествуваат на натпреварот
- да учествуваат во Збирка поезија со своја оригинална песна
Заинтересираните учесници можат да се пријават на е-маил: nuub.bitola@gmail.com, со назнака „Креирај – слемирај“. Повикот ќе трае до 1 август 2023 година.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Избраните учесници ќе учествуваат прво на работилниците, потоа ќе следи слем натпревар и најдобрите текстови ќе бидат објавени во книга.