ВМРО-ДПМНЕ од Битола бара одговори за работата на КПУ Затвор Битола кадешто директор е Драган Крајовски, лидер на СДСМ од Битола
Неколкудневната политичка офанзива на ОК ВМРО-ДПМНЕ фокусирана кон претседателот на СДСМ во Битола Драган Крајовски денеска продолжува.
Партијата низ директни прашања бара одговори за состојбите во битолскиот затвор.
„Убаво што се огласи, ама ништо не демантираше, туку само го потврди хаосот во сериозната институција што тој ја води.“- вели во најновата реакција Виолета Ковачевиќ, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, па партијата прашува и бара од Крајовски :

„-Да им одговори на граѓаните ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ДОБИТОЧНИОТ ФОНД ВО ЗАТВОРСКАТА ЕКОНОМИЈА, ако сеуште има останато некое живо грло, од претходните 250?
-Колку денес од ОГРОМНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ОБРАБОТЛИВАТА ПОВРШИНА ( сопственост на Затворот н.з), УЧЕСТВУВА ВО ДОХОДОТ ИЛИ ВО НАМАЛУВАЊЕТО НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ХРАНА ВО ИНСТИТУЦИЈАТА, во овие тешки времиња на екстремна економска криза?
-Дали заради очајната состојба и хаос во Затворот, господине Крајовски, сте во вистинска внатрепартиска борба да ја промените директорската позиција во друга институција?“

Пред два дена од истата говорница Ковачевиќ низа прашања побара одговори на неколку состојби за кои веќе е креирано јавно мислење во градот:
„- Дали Крајовски лично одлучува кој ќе ги користи бенефициите и кој ќе престојува во отвореното одделение?
- Дали е вистината дека дисциплината во Затворот е катастрофална?
- Кој е исходот од контролата од Управата за извршување санкции?
- Дали и натаму го оштетува буџетот на Затворот, заради тоа што вработените своите прекувремено одработени саати се принудени да си ги наплаќаат преку суд?

На овие прашања Драган Крајовски од позиција на директор на КПУ ЗАТВОР БИТОЛА одговори преку видео обраќање емитувано на ТВ ТЕРА. Неусогласеност на законски нормативи, недоволно вработени лица и работничкото барање на правичноот плаќање на нивниот труд се дел од причините зошто Затворот треба да плаќа пари според судски пресуди. За надминување на ваквата состојба, директорот Крајовски реализиран нови вработувања на лица и тоа половина од вкупната бројка. Во однос на користење бенефиции за затворениците и престој во т.н отворен дел има стручен тум што одлучува, а во однос на пречисителната станица, нејзината состојба и функционалност, Затворот и директорот Крајовски добиваат информации на дневно ниво.
ВМРО-ДПМНЕ денеска завршува со прашањето „-Дали знае дека за предизвикување еколошка катастрофа и општа опасност по граѓаните и нивното здравје, се одговара пред институциите, а најмногу пред јавноста и граѓаните?“