Протест ‘ПРАВДА ЗА ЈАНА’ пред Јавното обвинителство во Битола
Под мотото ‘Правда за Јана’ битолчани вечерва ќе протестираат за прераната смрт на шестгодишното девојче Јана Христовска од битолското село Кравари кое почина во битолската Клиничка болница по примена инфузија.
Протестот е закажан за 22.06.2023 год. во 19 часот пред Јавното обвинителство во Битола.