Временска прогноза
Денес и утре ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Денеска главно сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи во планинските подрачја. Температурата на воздухот ќе достигне до 31 степени Целзиусови.
За време на викендот ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и пад на температурата за неколку степени.
УХМР,
фото: Yoann Boyer, unsplash