April 25, 2024

Маск: Твитер го ограничи бројот на твитови што дневно може да се видат

Илон Маск, сопственикот на Твитер, изјави дека Твитер привремено го ограничил бројот на твитови што корисниците можат да ги читаат во еден ден.

Маск напиша на Твитер дека непроверените сметки, оние без сина ознака, можат да читаат до 600 објави дневно.

Од друга страна, проверените сметки, оние со сино штиклирање, се привремено ограничени на читање на 6000 објави дневно. Маск рече дека новите непроверени сметки можат да видат само 300 објави дневно.

Во изјавата, тој рече дека привремените ограничувања за читање се поставени за да се решат „екстремните нивоа“ на собирање податоци и манипулација со системот.

Вчера на корисниците кои се обиделе да пристапат на Твитер им било кажано дека мора да се логираат за да ја видат содржината. Маск рече дека тоа е привремена итна мерка.

Тврдеше дека на социјалната мрежа се крадат толку многу податоци што ја нарушува услугата за нормалните корисници.


1081