April 25, 2024

Како хлорот во базенот може да влијае врз вашето тело?

Иако е една од омилените активности во лето, сепак пливањето во базен може да има последици по вашето тело.

На кој начин хлорот во базенот може да влијае врз вашето тело?

Познато е дека хлорираната вода ги убива микробите во базенот, обезбедува подобра хигиена и штити од можни инфекции, но сепак хемиското средство за дезинфекција кое се употребува во хлорираната вода може да предизвика одредени несакани ефекти..

Сува и иритирана кожа

Сувата кожа често може да биде предизвикана од присуството на хлор и други хемикалии во водата. Засега не се познати случаи на алергија на хлор, но сепак кожата може да биде исклучително чувствителна, што доведува до реакции како што се:

  • сува кожа
  • чешање
  • акни
  • осип

Ако вашата кожа е чувствителна и проблематична, важно е навреме да го напуштите базенот и да внимавате доколку забележите некакви промени.

Сува коса

Освен што е штетен за кожата, хлорот не е погоден ниту за косата. Хлорираната вода ги отстранува маслата кои го штитат скалпот, што може да ја направи вашата коса сува и склона кон кршење. Хлорот ги разградува и протеините во косата, поради што косата полесно се крши. Покрај тоа, хлорот може да ја осветли косата.

Проблем со дишењето

Хлорот што се ослободува во воздухот може да биде штетен за респираторниот систем. Високата концентрација на хлор во базените и непроветрените затворени простории може да доведе до проблеми како што се:

  • кашлица
  • напад на астма
  • течење на носот
  • иритација на очите

Хлорот во комбинација со други хемикалии може да предизвика чешање, насолзени очи и проблеми со видот.

Проблемите најчесто се јавуваат кај луѓето кои редовно се капат во базен со хлорирана вода. Затоа, важно е да обратите внимание на несаканите ефекти и навреме да реагирате на промените.

Откако прочитавте за несаканите ефекти на хлорот од базенот врз вашето тело, можеби ќе сакате да прочитате и зошто ве печат очите откако ќе излезете од базен.

Извор: citymagazine.danas.rs


1093