May 19, 2024

Општина Битола продолжува со работа на изготвувањето на новиот генерален урбанистички план

На работилница минатата недела , беа претставени седум влезни студии, кои влегуваат во изработката на Генералниот Урбанистички план за општина Битола, изработени од Архитектонски Факултет-Скопје, преку проектот БАИР – „Здружена акција на Битола за вклучување на Роми“.
Ова е еден од чекорите кон креирање на нов Генерален урбанистички план за општина Битола, како клучен документ за одржлив развој на градот, паметно домување и подобрување на квалитетот на живот. Презентриан беше процесот на изработка на студиите и стратегијата за општина Битола, анализата на постоечката состојба и согледувањата за проблемите и можностите, за што секако од особена важност е и критичката анализа со цел подобрување на согледувањата и заклучоците од експертските тимови.


„Денешното присуство на сите Вас е многу значајно, како важен придонес во процесот на работа и постигнување на зацртаните цели, во планираните рокови. “ – им рече на присутните градоначалникот д-р Тони Коњановски.„Почнувајќи од мапирањето на податоци, преку нивната обработка, анализа и изготвување на студиите, денес сме тука за да го дефинираме правецот на стратешкото делување во однос на предизвиците и можностите, како важни сегменти на живеењето во градот, градските функции, развојот на стопанството, индустријата и воопшто економскиот напредок.“


Градоначалникот очекува активна соработка и вклученост од сите вклучени од претставниците на Архитектонскиот факултет, преку општинските служби и јавни претпријатија, се до советниците, со цел успешно завршување на отпочнатиот процес до донесување на новиот генерален урбанистички план, кој ќе го замени постоечкиот од 1999 година и ќе одговара на современите потреби на Битола.


1087