May 19, 2024

Уште 4 дена за пријавување штета од невремето

По силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола во средата на 05.07.2023 година, се известуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета, дека може да поднесат барање за пријавување на штета на шалтерите во Општина Битола.
Во прилог на барањето потребно е да се достави:

  • имотен лист/доказ за сопственост
  • фотографии од претрпената штета
  • копија од лична карта
  • број на трансакциска сметка
    Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.
    Барањата можат да се доставуваат од четврток 06.07.2023 до петок 14.07.2023 од 09.00 до 15.00 часот.
    Барањето за пријавување на штета е достапно на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/izv-steta/

1070