May 19, 2024

Со паркирање на возилото да се придонесува за социјалната улога на општината

Советничката група на Левица во Битола предложи, а Комисијата за комунални и јавни дејности едногласно ја прифати иницијативата за формирање на т.н хуманитарни паркинг места на постојните паркинзи во градот.
На седницата на Комисијата одржана на 27 минатиот месец едногласно бепе прифатена предлог иницијативата на Левица, одлука којашто треба да се најде и пред советниците на седницата закажана за утре, 11.07.2023 година.
Иницијативата што ја образложи советникот Горан Велевски предвидува 50 хуманитарни паркинг места, од другите одвоени со црвена боја, групно распоредени на неколку локации низ градт, кои би биле означени и со информативна табла пред нив.
Хуманитарните паркинг места треба да бидат на располагање за користење на сите граѓани, „кога ќе паркираат на овие паркинг места и кога ќе испратат порака на дадениот број на табла и одредената зона, средствата ќе се собираат во ставката социјални бенефиции од буџетот на Општина Битола кадешто истите ќе се пренаменуваат спрема потребите : помош за ранливи категории, помош за болнички трошоци, операции во странство и државата и ред други работи. – рече на седницата на Комисијата советникот Велевски.
За иницијативата советниците на Левица досега зборувале и со градоначалникот и со директорот на Паркинзи, кои генерално неофицијално ја прифатиле иницијативата, најпрвин затоа што нема финансиски импликации за јавното претпријатие. Засега Битола има 1300 функционални паркинг места од 1.500, па ваквите хуманитарни паркинг места би требало да бидат распоредени во сите паркинг зони.
Левица бара изгласување на иницијативата и предлог за формирање на работно тело со претставници на сите советнички групи, градоначалникот, директорот на Паркинзи и УО на ова јавно претпријатие за прецизирање на реализацијата на предлогот. Се зборува за 50 вакви хуманитарни паркинг места, но не е исклучена можноста за промена на нивниот број.


1134