Ковачевски и Груби први во листата министри неработници, граѓаните не ги поврзуваат политичарите со работење по закон

Премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер на владата и министер за политички систем и односи за заедниците Артан Груби се со најлоша оценка од граѓаните покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ спроведена на 1208 испитаници во период од 8 април до 4 мај 2023 година.
На прашањето кои тројца министри во Владата не си ја вршат својата работа како што треба дури 11 проценти од граѓаните сметаат дека тоа е првиот вицепремиер и министер Груби, додека веднаш по него со најлоша оценка или 9 проценти е премиерот Ковачевски, а како трет е министерот за надворешни работи Бујар Османи.

…дали владините функционери се придржуваат до законот при извршувањето на нивните работни места
Само 1% веруваат дека владините функционери се придржуваат до законот, а 46% сметаат дека не се придржуваат до законите. Ова мислење се променило од 2021 година за цели 12%.
…дали опозициските политичари би се придржувале до законот доколку бидат избрани?
Саммо 3% веруваат дека сегашната опозиција доколку биде избрана ќе се придржува до законите, а 36% сметаат дека и тие нема да се придржуваат до законите. И овде промената од 2021 година е за 10% .


Оливер Спасовски е прв на листата кој си ја завршува својата работа добро, но по неколку споменувања во тек на анкетирањето, сепак, 34 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека сите министри во владата на СДСМ и ДУИ не си ја вршат својата работа како треба.
Порталот kurir.mk пак на оваа информација констатира : „За вицепремиерот Груби анкетата на ИРИ е релевантна со оглед дека на својот официјален фејбук профил го објавил резултатот од анкетата, но само каде што стои дека Демократската унија за интеграции е убедливо прва во албанскиот политички кампус, како и дека Али Ахмети е најподржуван лидер. “

Извор: https://www.iri.org/news/iri-north-macedonia-poll-finds-increased-support-for-eu-membership-lack-of-trust-in-rule-of-law-divisions-on-local-and-national-direction/

Фото насловна: Ковачевски и Груби, сопственост kurir.mk


1171

Задолжително

Verified by MonsterInsights