Временска прогноза

Денес ќе биде натпросечно топло и ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури. – пишува во прогнозата на Управата за хидрометереолошки работи.

Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата.

Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а некаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.

А во Пелагонија и Битола се предвидува дека температурата ќе стiгне до 32 степен од Целзиусовата скала.


1145

Задолжително

Verified by MonsterInsights