April 17, 2024

Синдикалната организација на АД ЕСМ денеска ги најави популарните Синдикални игри прекинати поради пандемијата од Ковид19

Синдикалната организација на АД ЕСМ ги започна подготовките за организација на работничките игри на врабоните во Државните електрани кои годинава ќе се одржат од 5 до 8 септември во хотелот Десарет.
Според синдикалниот лидер, Јове Смилевски, на игрите учество ќе земат вработени од секоја подружница на АД ЕСМ.

Фото: Јове Смилевски, претседател на синдикатот во АД ЕСМ, сопственост на РЕК Битола

“ АД ЕСМ е компанија со над 5.000 вработени и традиционално, секоја година во септември се одржуваат Синдикални работнички игри. Тоа е можност за колегите од сите подружници на компанијата да другаруваат надвор од работните места и да се натпреваруваат во различни спортски дисциплини. По огромните напори кои изминатата година ги вложија вработените во АД ЕСМ за државата успешно и без еден ден рестрикции да се справи со енергетската криза, сметам дека Синдикалните работнички игри добро ќе им дојдат на работниците за малку да се опуштат и подготват за новите предизвици што доаѓаат”, вели Смилевски.

Фото горе и долу : од учество на Синдикални игри, сопственост на РЕК Битола


Синдикалните работнички игри ќе се одржат со поддршка на Управниот одбор на АД ЕСМ.
“ Како за сите прашања во рамките на компанијата, така и за организацијата на Синдикалните работнички игри, тесно соработуваме со Управниот одбор и со генералниот директор, Васко Стефанов. Заеднички беше ставот дека оваа убава традиција годинава има услови да се реализара. Синдикалната организација на АД ЕСМ ќе направи се за и овој пат работниците да уживаат и да се дружат”, додава Смилевски.
Синдикалните работнички игри на АД ЕСМ ќе се одржат по две години пауза заради ковид пандемијата и една година заради кризата во енергетскиот сектор.

Извор: РЕК Битола

Фото насловна: од последните одржани игри, сопственост РЕК Битола


1097