April 16, 2024

„Бели хорозонти“ – КИЦ Битола денеска промовираше ново електронско списание за култура

Денеска во просториите на КИЦ Битола во Офицерскиот дом, во присуство на уредничкиот одбор и новинари, беше промовирано ново електронско списание за култура „Бели хорозонти“. Промоторот и воедно и уредник на списанието, директорот на КИЦ Битола, Лили Бошевска пред присутните даде воведно излагање на содржината ,темите и мисијата на списанието „Бели Хоризонти“. Иницијатор и автор на истото е битолскиот ликовен критичар и уметник Владо Ѓоревски, кој е воедно и креатор на графичкиот формат на списанието . Во своето излагање проф. Александар Стерјовски, член на редакцискиот совет, меѓу другото рече: „Природно е што се појави ова списание, чие што име соодвествува со установата Културен и информативен центар Битола“. Во редакцискиот совет се и членовите Владо Ѓоревски и Драган Ристевски.


Ова списание има два функционални делови – едниот е карактерот на професионално списание, а другиот магазинскиот карактер, збогатен со информации за настаните кои секојдневно се одвиваат во објектите на Установата.

Заедничката идеја водилка на сите кои стојат зад реализацијата на идејата и објавувањето на првиот тримесечник е „Бели хоризонти“ да биде инспирација , да поттикнува млади автори кон анализи, рецензии, критики на се што се подразбира преку поимот „култура“ ( и уметност) направени во ова или некое минато време.

Во овој број се застапени теми како: 100 ГОДИНИ ОД УЛИС- ЏЕМС ЏОЈС Аурел Шмит „Средба“, . Хорхе Луис Борхес „Довикување на Џојс“, Џојсовиот Улис низ очите на Владимир Набоков, Портрет – ВЛАДИМИР КОСТОВ, Зоран Анчевски-Поезија, . Кратка проза- Едвард Лу „Доплер“, Зоран Пејковски-Поезија, Извадок од романот „ОПРАВДАНИЕ НА ОСТРОВОТ“ од Евгениј Водолазкин, Кирил Македонски: „Гоце“– првата македонска опера, 1954 и др. Новото електронско списание за култура ќе биде тромесечник и претставува нов исчекор на младата установа за култура КИЦ Битола во актуелизирање на културата како општествена тема и промовирање на нови автори и идеи и погледи.

Првиот број на електронското списание „Бели Хоризонти“ може да се прочита на страната на КИЦ – линкот / насловот крајно десно во хоризонтарлното мени / https://kicbitola.mk/


1085