Во тек е БИТФЕСТ започнаа и ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ , следете ги настаните затоа што …..

Културата се повеќе се користи за лекување на проблеми со менталното здравје во Европа.

Сè поголем број иницијативи низ Европа го користат пристапот до уметноста како алатка за подобрување на здравјето и благосостојбата заедно со класичниот медицински третман. Извештајот на СЗО во 2019 година покажал дека уметноста игра „главна улога“ во подобрувањето на здравјето и благосостојбата на поединците, како и во спречувањето на болести низ целиот животен век. “ По пандемијата од КОВИД 19, за проектот на Европската Комисија „Култура за здравје“ овој извештај станал „Библија“. Па така, се поголем е бројот програми и проекти кои ја користат културата за здравствените придобивки на заедниците.
Освен менталното здравје постои и социјална компонента. Културата обезбедува чувство на стабилност и безбедност. А тогаш ( можеби привремено) полесно се спие.

Фото: инсерт од Пепелашка на МОБ, сопственост Центар за култура

Уметноста игра „главна улога“ за здравјето, затоа што ја овозможува социјалната компонента, загарантираната меѓусебна интеракција на колективно и индивидуално ниво. „Исто како што да се биде физички активен има здравствени придобивки, така и да се биде културно активен има здравствени придобивки“, вели Нилс Фије, технички директор во Светската здравствена организација и ко-директор на нејзината лабораторија за уметност и здравје.

Најпрвин, кој и да сте, што и да милувате ( концерт на класична музика или турбо фолк , графика или „масло на платно“, можеби пеете во некој хор или играте во играорна, искусувањето на уметноста е многу лична работа. Тоа ви зборува на начин на кој само зборовите не можат и често предизвикува силни мисли и емоции.


Присуството/ посетувањето на концерт, изложба, театарска претстава, филмови од различен жанр, документарци или „европски“ овозможува да видите дека не сте сами во вашата борба или страдање, вие станувате потрпеливи и сочувствителни кон себе. А кога уметничкото дело предизвикува радост и ви го подигнува духот, може да го намали стресот и негативните емоции, да ја подобри депресијата, па дури и да ви помогне да ја победите тагата.
Така велат психолозите и психијатрите.

Фото: инсерт од официјалниот постер на БИТФЕСТ 2023


Покрај тоа, присуството на културни настани може да биде збогатно искуство за поединците, овозможувајќи им најпрвин емотивно доживување кое оттргнува од секојдневието , а и да научат за различните обичаи, традиции и начини на живот. Оваа изложеност на нови и уникатни перспективи може да го подобри разбирањето на луѓето за светот, поттикнувајќи поголема толеранција и прифаќање на другите или пак можност да се излезе од сопствените стеги и да се учи, зборува и промовира сопствената култура.

Фото: официјален постер на 53 Илинденски денови

„Уметноста и културата се важни во промовирањето на позитивното ментално здравје и благосостојбата на поединците и општеството воопшто преку поддршка на социјалната вклученост и намалување на стигмата за менталното здравје“ – се вели во стратешкиот документ на Европската Комисија објавен минатиот месец на самит во Грција.

Извршната власт на ЕУ стави 1,23 милијарди евра од фондовите на ЕУ на располагање на земјите-членки за да ги поддржи „да ги стават луѓето и нивното ментално здравје на прво место“.
Говорејќи на конференцијата „Култура за здравје“ во Елефсина, европскиот комесар за европски начин на живот Маргаритис Схинас ги нарече препораките за политиката на организацијата „многу провоцирачки“, додавајќи дека ЕУ сега мора „да се потпре на сите овие докази“.


1102

Задолжително

Verified by MonsterInsights