Европа се пече, Балканот се дави – временска катаклизма на континентот

Пет мртви и десетици повредени е билансот од незапамтеното невреме што деновиве го зафати регионот. Невремето што вчера ги зафати Словенија, Хрватска, БиХ и Србија зад себе остави пустош, но одзеде и човечки животи.
Откорнати дрвја, паднати кранови, расфрлени контејнери, оштетени кровови се само дел од последиците во силното невреме што синоќа зафати и поголем дел од Србија., меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Валево, Смедерево.


Денеска се санираат штетите од силното невреме кое одненадеж го зафати Балканот и поранешните југословенски држави.
Од друга страна пак, Европа се соочува со рекордни температури, Италија, Шпанија и Грција погодени од жешкиот бран Харон/ Шарон (Charon).
Делови од Италија би можеле да забележат максимални температури од 48 степени Целзиусови во наредните денови, поттикнувајќи ги стравувањата од зголемување на смртните случаи поврзани со горештините.
Илјадници луѓе, исто така, беа евакуирани во текот на викендот во шпанската Ла Палма кога шумски пожар го зафати северозападниот дел на островот додека температурите се зголемија. Пламените дури доцна во понеделникот ги погодија планинските села во швајцарскиот кантон Вале.

Фото: туристите видливо го напуштаат Мадрид/ слика од екран сопственост на WSJ

Фото: пожарите во Грција блиску до туристичките капацитети/слика од екран , сопственост skynews


Во Грција топлотниот бран донесе шумски пожари, тече генерална евакуација на туристите од опоожарените места, а се чека европска помош во справување со огнената стихија.
Насекаде во туристичките места се откажуваат одморските резервации. Стравувањата од можните последици од топлотниот бран или заглавување во некаква катаклизма го одвраќа светските граѓани од желбата за посета на некои од европските, медитеранските и балканските туристички места.


1151

Задолжително

Verified by MonsterInsights