„МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, ОТВОРЕН КАБИНЕТ НА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

Денеска во СВР Битола ПС Битола се реализира отворен кабинет со министерот за внатрешни работи , а во рамки на проектот што Министерството го реализира од март годинава насловен „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ .
За да остварите средба со министерот МВР отвори посебен телефон и електронска адреса:
-Почитувани граѓани. Ве очекуваме во текот на оваа недела, на телефонскиот број 072 33 31 85 или на електронската адреса MVRJAVNOST@moi.gov.mk, да си закажете термин за средба со министерот Спасовски, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи и вашето мислење да биде земено предвид. – беше испратено соопштението од МВР .
Идејата на средбите е двонасочнтаа информација за работата на полицијата и потребите на граѓаните , назначената цел – доближување на полицијата до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот полициско работење со заедницата.
Проектот се реализира и со делење на летоци и непосредни разговори со граѓаните на полициски службеници од сите градови, вклучително и Битола.
Тоа што полицијата сака јавноста да дознае од оваа кампања е дека „полицијата постои за да биде во служба на заедницата, ја потенцира важноста на градењето партнерство со граѓаните , а информираат и за механизмите за контрола вр полицијата коишто придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.


1129

Задолжително

Verified by MonsterInsights