Вечерва во Новаци започнува „Фестивал на жетвата“ – можност за саемско запознавање на пелагониските производители на храна и добра забава

“Фестивалот на жетвата” е манифестација која втора година се одржува во општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава. Токму затоа сакаме да ја афирмираме општината и нејзините ресурси како многу важен дел кој придонесува за развој на економијата во државата во услови на светска криза, како во областа на храната, така и во областа на енергијата.

Овој фестивал ќе биде дводневен хепенинг кој покрај забавниот дел, ќе содржи и едукативен и изложбен дел, односно ќе присуствуваат и изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи, домашна традиционална храна, винарии….


Фестивалот започнува од 19 часот, со Градска жетвена приказна на кловнот Заги 1 па Трикови на магичниот спајдермен, жонглерско шоу со оган како вовед за големта група на КУД Новаци кои ќе ја размрдаат публиката што од Општината ја покануваат, настап на ансамблот Мерак Меана: – Елена Велевска – Татјана Стефановска – Душко Ѓеоргиевски – Блага Петревска – Марјан Коцев – Благоја Груевски – Ристо Самарџиев К4 Бенд.
Следната вечер, на 22 јули пак на учесниците ќе им се придружи Влатко Лозановски.


1250

Задолжително

Verified by MonsterInsights