ЈКП „Водовод“ во контрола на нелегалните приклучувања кон водоснабдувачкиот систем
И покрај зголемената потрошувачка на вода, водоснабдувањето се одвива континуирано и без проблеми во Битола. Сепак од ЈКП „Водовод“ апелираат граѓаните рационално да ја користат водата којашто ја добиваат преку ова претпријатие. Истовремено предупредуваат дека ќе започнат ригорозно решавање на проблемот со нелегалните / диви приклучувања на водоснабдувачкиот систем.

Во разговор за ТВ ТЕРА, Пеце Милевски, директор на ЈКП „Водовод“ посочи на потребата граѓаните да ги избегнуваат наводнувањата на ниви, бавчи, пластеници како и полнење на базени во овие денови кога потрошувачката е зголемена. Посочи и на злоупотреба на вода преку диви приклучоци.
Тие кои вршат кражба на вода не го крададат ЈКП Водовод туку нас граѓаните, кои редовно ги плаќаме нашите сметки, вели Милевски .
Најави зголемна контрола на тимови од претпријатието 24 часа низ градот кои ќе имаат задача да ги откријат и преземат чекори за нивно санкционирање.
Питката вода е богатство кое треба да научиме да го цениме, вредноста на водата е многу поголема од онаа што ја плаќаме – порачува Милевски на својата ФБ страна , од името на сите во ЈКП „Водовод“.
Целата приказна на :
Инаку, според правниците, нелегалното, неодобрено од давателот на услугата приклучување кон водоводната мрежа се толкува како кражба на вода и се решава според членот 235 од Кривичниот законик , идентично како кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас.