Се запалил автомобилот на лицето Б.Л од Скопје, сите поврзаа дека е аудито на Груби
Сеуште се чекааат официјалните информации од СВР Скопје поврзани со денешната вест дека бил опожарен автомобил марка Ауди наводно сопственост на вицепремиерот Артан Груби.
Веста ја објави скопската ТВ 21, а брзо ја презедоа сите национални медиуми. Според првичните информации, ТВ 21 претпоставува дека автомобилот бил запален , и тоа, во полиција било пријавено рано утринава околу 3.00 часот.
Според утринскиот билтен на скопско СВР имале таква дојава и пожарникарска интервенција, но автомобилот бил сопственост на лицето Б.Л од Скопје.
Запалувањето на автомобилот на Груби не би бил прв случај на намерно „казнување“ на јавна личност во државава. Вакви ситуации се случуваат често, но , јавноста шпекулира, досега никој не „легнал затвор“ иако со запалување на автомобил се прави дело со кое намерно се предизвикува општа опасност по безбедноста, здравјето и имотот на граѓаните.
Најмногу автомобили на политичари, новинари и други јавни политички личности биле запалени во 2018 година, од нив според пронајдените докази , 46 намерно.
Доколку се докаже дека „Аудито на Груби“ било намерно запалено и се пронајде виновникот, тој се соочува со обвинение за предизвикување општа опасност по членот 288 од КЗ и може да се соочи со казна затвор во времетраење од 6 месеци до 5 години. Сопственикот има основа и да преземе приватна тужба по кривичното дело за оштетување на туѓи предмети. Но, доколку пак автомобилот се запалил заради несовесно користење од страна на возачот, Основното обвинителство или полицијата имаат основа овие кривични дела да ги применат против него.
Фото насловна: само за илустрација/ unsplash free photo/ Flavio flaviewxvx