По 45 години, реконструирана улицата „Зборска“ во Битола
Улицата Зборска е значајна затоа што е во централното градско подрачје и ги спојува ул. Македонска фаланга и ул.Железничка.
„По 45-46 години решаваме долгогодишен проблем, улицата е реконструирана. “- вели градоначалникот д-р Тонни Коњановски.

Почитувајќи ги препораките на министерството за здравство и владата на РМ за заштита од топлината во периодот меѓу 11.00 и 17.00 часот, градежните работи низ градот се одвиваат од 17часот, во вечерните часови.

„На ул. Зборска се промени инфраструктурата сега има целосно нова канализациона мрежа , во вредност од 1.600,000 денари , комплетно нова инфраструктура во делот на водоводната инсталација во вредност од 1.500,000 денари и комплетно финиширање односно асфалтирање на улицата во вредност од 3.300,000 денари , што значи дека вкупниот проект е некаде околу 6.600,000 денари. Овде имаме и нови приклучоци за канализационата и водоводната мрежа . Оттука работите продолжуваат на партерното уредување во околината на Офицерски.“ – изјави градоначалникот д-р Тони Коњановски.


Од кабинетот на Градоначлникот информираат дека увид на работата, направи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, придружуван од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и претставници на општинската администрација, одговорни за координација на активностите поврзани со проектот.
Извор: Општина Битола