„Мандатот на СДС беше краток како власт но мандатот како опозиција ќе биде доста долг„…

…вели во насловот реакцијата на битолската ВМРО-ДПМНЕ по неколкуте јавни прозивки од советниците на СДСМ упатени до градоначалникот д-р Тони Коњановски по седницата на која најпрвин беше одбиен, а потоа формално-правно одобрен ребаланс на Буџетот на Општина Битола но со амандмани на советниците.

Па така скоро секојдневно советниците на СДСМ претставувајќи дел од своите амандмани, упатуваат на законските одредби кои пропишуваат дека Советот го гласа Буџетот и ребалансот, а Градоначалникот треба да го спроведува. Па дури и дека намерно ќе го испрати Ребалансот до министерството за финансии.


Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се вели „ СДС изминативе неколку дена со лажна загриженост за ребалансот на буџетот на Општина Битола преку неколку прес-конференции го потврдија тоа во што се најдобри : лаги, манипулации и незнаење.
Советниците од СДС од кои некои се и по неколку мандати членови на Советот, на седницата на совет предлагаа амандмани за измени на Буџетот, без да кажат од кои ставки (од) земаат финансиски средства а во кои се додаваат. Дел од предложените амандмани се со проценети вредности кои се далеку од реалните и амандмани за кои има проекти но истите кога СДС беше власт ги заборавиле во некои од фиоките.
Жално е за партија како СДС да има советници кои воопшто не ги познаваат процедурите во Советот на Општина Битола.
Затоа и вашиот мандат беше краток како власт но бидете сигурни дека вашиот мандат како опозиција ќе биде доста долг.“ вели денеска советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, пренесувајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ.


Овој став не е различен од оној на прва кажан од градоначалникот на последната седница на Советот.
Откако запазувајќи рок од 20тина работни денови го поднел предложениот ребаланс на буџетот до советниците на разгледување и во очекување на предлози за негово подобрување ( амандмани) и тоа не се случило, градоначалникот го бранеше предлогот пред сите советници врз основа на аргументите кои се изнесени најпрвин преку проектите што сега се во некоја од своите фази на реализација, а потоа и врз основа на приоритетите избрани преку Форумите на граѓани. Им порача на советниците дека ќе реализира и проекти предложени низ форматот амандмани само доколку советниците ги изнесат во форма на проект и со јасно изразен предлог кој од проектите да биде прекинат, за нивните амандмани да бидат реализирани.


1195

Задолжително

Verified by MonsterInsights