Доделени наградите на Битолски книжевен круг, во градот автори од државата и Балканот

Два дена Битола е домаќин на автори – поети, прозаисти, критичари од Македонија и Балканот, на 12 издание на манифестацијта „Битолски книжевни паметења“ .

Во кристалната сала на КИЦ – Офицерски дом во Битола се одржа првиот ден од дводневата Меѓународната манифестација.

Претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, проф.д-р Христо Петрески ја започна средбата со воведни зборови за годишнава дванаесетта средба. „Овој настан е некаква приказна и се надевам ќе има влијание врз мојот живот. Се што сум напишал колку и да изгледа историски, тоа е поврзано со сегашноста. Секогаш со една рака, со една мисла сум во сегашноста. Благодарам Битола“.

Беа промовирани новите изданија на списанието „Раст“, додека првиот човек на Битолскиот книжевен круг Зоран Пејковски ги додели наградите: за поезија на Милица Димитријовска- Радевска; за проза на Владимир Илиевски и за критика на Мирјана Стојановска. Со пригодни беседи беа претставени наградените автори, а потоа свое книжевно излагање имаа членовите на ДПМ меѓу кои и претседателката на собранието на Друштвото на Писатели на Македонија( ДПМ) проф.д-р Кристина Николовска, Елизабета Јончиќ, Габриела Стојановска, Кристина Николовска, проф.д-р Димитар Пандев, Милица Димитријовска- Радевска, Весна Мундишевска- Вељановска, Лилјана Пандева, Диме Ратајковски, Михајло Свидерски и други.


Претседателот на Битолскиот Книжевен Круг Зоран Пејковски го претстави своето најново дело ,,Светопис за сесловените” посветено на Светите Кирил и Методиј.

Средбата заврши денеска своите мисли размисли чувства емоции и знаење годнешните учесници на Манифестацијата ги споделија наоѓајќи инспирација на Пелстер.


1301

Задолжително

Verified by MonsterInsights